Во текот на
неговата 22 годишна фудбалска кариера, Семуел Ето работеше со најдобрите
тренери во поновата фудбалска историја, вклучувајќи го Жозе Мурињо во Интер,
како и Пеп Гвардиола во Барселона.
По повлекувањето
од активното играње фудбал во септември годинава, Мурињо упати поддршка до
Камерунецот околу неговиот потенцијал за да стане успешен фудбалски стренер, а
за време на глобалниот самит на фудбалски перформанси и фудбалската наука во
Доха, 38 годишниот Ето, кој е амбасадор на Катар 2022, најави впуштање во
тренерските води, а откри кој бил најдобриот тренер со кого соработувал во
неговата кариера.
„За да бидеш
тренер, треба да учиш, јас имам среќа што како фудбалер сретнав човек како Луис
Арагонес, нека почива во мир“ рече Ето во однос на поранешниот тренер на
Мајорка, како и легенда на Атлетико Мадрид.
„Луис беше една
прекрасна особа, со голем карактер, јас знаев како да играм со таков карактер,
тој беше како татко, би било голема чест за мене да бидам тренер како него“
вели тој.
„Тој ме замоли да
ги ислушам добро луѓето кои ги познавам, очигледно е дека идејата да станам
тренер е во мојата глава, во моментов сум во период на рефлекција“ додаде
Камерунецот, а потоа се осврна и на Мурињо и Гвардиола.
„Го сакам како
тренер, но, не и како особа, учев да играм фудбал со него, мислам дека го
интерпретирав подобро од било кој“ рече Ето за соработката со Гвардиола.
„Мурињо ме остави
на клупата за резерви цел месец, направи да се загревам за време на период кога
ќе имаше одредена повреда во тимот, во неговата глава, тој сакаше да ме направи
во негово сопствеништво, јас еднаш и разговарав со него во канцеларија, во
поглед на тоа што тој посакува од мене, за да се извлече максимумот од мене, и
јас тоа го сторив, освоивме се’, имавме тим составен од единаесет борци на теренот“ заклучи Ето.