Еткинсон немаше храброст да досуди пенал на „Енфилд“, можеби се ќе беше поинаку… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул славеше
убедлива победа над Мидлзбро на домашен терен со 3-0 во последното коло од
англиската Премиерлига, но почетната фаза на мечот не ветуваше радост за
домашните фанови.

Избраниците на
Јирген Клоп мака мачеа да го најдат патот до мрежата од противничкиот гол, па
така една мошне контроверзна одлука на Мартин Еткинсон целосно го смени текот
на овој натпревар.

Се играше 25. минута од мечот на „Енфилд“ кога сам во
чиста прилика за гол изби гостинскиот фудбалер Бамфорд, тој беше „срушен“ од
Ловрен во казнениот простор, но Еткинсон одмавна со рацете, се чини дека
главниот арбитар немаше доволно храброст при една ваква ситуација да досуди
најстрога казна во корист на гостите.

(ситуацијата проследете ја на -8,05)

Во самиот финиш
на првиот дел Вијналдум погоди за 1-0, додека останатите два гола беа дело на
Кутињо и Лалана.

Ливерпул
профитираше од оваа ситуација од причина што триумфот во вчерашната средба беше
и повеќе од потребен, поради битката за четвртото место на табелата, кое на
крајот го освои, по што избори место во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Арсенал на крајот со бод помалку од Ливерпул, заврши на петтото место и ќе игра
во Лига Европа следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани