Фудбалерот на Кристал Палас, Жан Филип Матета, наскоро ќе донесе одлука за тоа дали ќе мора да оди на операција на коленото, откако медицинските прегледи покажале проблем кој бара сериозно внимание.
Од таборот на лондонскиот клуб информираат дека заедно со стручниот штаб и медицинскиот тим се разгледуваат сите опции, со оглед на тоа што во следните шест месеци го очекува интензивен распоред, но и претстојното Светско првенство.
Проблемите со коленото биле откриени за време на двојните медицински тестирања кои Матета ги поминал при интересот од Милан, по што било препорачано внимателно да се анализира состојбата пред носење конечна одлука.
Конечниот став околу евентуалната операција се очекува да биде познат во наредниот период, а Кристал Палас ќе се обиде да го зачува напаѓачот за најважните предизвици што следуваат.