ЕСПН: Манчестер јунајтед ќе го одврзе ќесето во јануари, на листата со желби има СЕДУМ имиња

by
1 минути читање

Семејството
Глејзер и генералниот извршен директор Ед Вудворд донеле одлука да го одврзат
ќесето во јануари, тие се свесни дека тимот е „краток“ во средниот ред и
нападот, па ќе бидат донесени засилувања во зимскиот преоден рок.

ЕСПН повикуваќи
се на свои извори вели дека на листата со желби има седум имиња, како Марио
Манџукиќ, Иван Ракитиќ, Џејмс Медисон, Деклан Рајс, Џон Мекгин, Калум Вилсон и
Муса Дембеле.

„Ѓаволите“ сепак
нема да се расфрлаат со луди суми, и на посредиците им кажале дека нема да платат
повеќе од пазарната вредност само поради тоа што им гори по лошиот старт во
сезоната. Па клубовите ќе треба да прифатат разумно обесштетување, а
фудбалерите разумна плата.

Раководството на
Манчестер јунајтед исто така е свесно дека не може да направи голем број на
трансфери во јануари, па за поголема реконструкција на тимот ќе мора да се чека
до следното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×