Еспањол му возврати на Пике: Имаме 119 години историја, вредности и морал кои не се мерат со пари

by
1 минути читање

Еспањол возврати
на коментарите на дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике кој во едно интервју
дадено за Мувистар+ ТВ посочи дека имал повеќе пари отколку што има ривалот на
Каталонците во нивниот целокупен буџет.

Секако коментарот
на Пике наиде на остри реакции во јавноста поради неговиот некоректен гест, а
од Еспањол не останаа должни а да не возвратат со реакција на таа негова
изјава.

Ние имаме наши
навивачи, тим кој дава максимум од себе на секој натпревар од секоја сезона,
имаме 119 години историја
“ се вели во соопштението на Еспањол како одговор на
коментарите на Пике.

Ние исто така
имаме и наша минута, тоа е 21. минута (во чест на поранешниот капитен Дани
Жарке), наша академија, почит кон нашите ривали и нашето сино-бело срце

посочија од таму, додавајќи дека вредноста која ја има Еспањол не се мери со
пари.

„Имаме вредности и
морал како клуб, а истите не се мерат во пари“ заклучија од Еспањол.

Токму викендов,
поточно во сабота се игра дербито помеѓу лутите ривали Барселона и Еспањол, на
Камп Ноу Арената, а оваа „војна“ која ја започна Пике, сигурно додатно ќе ги
мотивира фудбалерите на Еспањол да се обидат да го изненадат својот ривал.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×