Еспањол и откина два бода на Барселона во драматичен финиш (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона влезе како голем фаворит во дуелот со градскиот ривал, но не успеа да ги освои трите бода.

Лопез со гол во 23. минута со глава му донесе водство на Еспањол од 1-0, Барса одигра лошо прво полувреме.

Но работите во вториот дел се променија, по само пет минути игра Луис Суарез израмни на 1-1, а девет минути подоцна по негова асистенција Видал погоди за комплетен пресврт и водство на Барселона од 2-1.

Суарез промаши две одлични шанси предвреме да го реши мечот, а во 75. минута Де Јонг направи прекршок за втор жолт картон по што гостите останаа со фудбалер помалку.

Еспањол фрли се на една карта во финишот и тоа се исплатеше, кинезот Ву Леи постигна гол во 88. минута и ги постави конечните 2-2.

Домаќините можеа да дојдат и до победата, имаа две можности во последните минути но не реагираа најдобро во финишот од акциите.

На точно половина од сезоната, по 19 одиграни кола Барселона и Реал Мадрид имаат по идентични 40 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×