359
Манчестер јунајтед освои исклучително важни три бода од
дербито на домашен терен против Тотенхем во десеттото коло од Премиерлигата, славејќи
минимално со 1-0 и со тоа ја продолжи битката за врвот со Манчестер Сити.
Одлично издание во тактиката и идеите на Жозе Мурињо
имаше Ешли Јанг, кој ги сопре налетите на еден од најопасните фудбалери на
Тотенхем, Деле Али, а камерите ги уловија зборовите на Јанг кон Али во една
ситуација каде имаше мал дуел помеѓу нив двајца.
„Кога ќе ја освоиш Премиерлигата, јави ми…“ му порача
Јанг на Деле Али.