Поранешниот англиски репрезентативец Ешли Кол е нов тренер на италијанскиот второлигаш Чезена.
Кол со Чезена договори соработка до крајот на сезоната, а тимот го презема на осмото место на табелата во Серија Б. Тоа воедно е и последната позиција што води во плејофот за пласман во елитното друштво.
Осум кола пред крајот на лигашкиот дел од сезоната, Чезена има 40 бодови, два повеќе од деветтопласираниот Судтирол, а еден помалку од седмопласираната Јуве Стабија. Шестопласираната Модена со 47 бодови засега изгледа тешко достижна.
За Кол откако работеше со младинските категории во Челси и беше помошник-тренер во Евертон, Бирмингем Сити и англиската репрезентација ова ќе биде прва самостојна тренерска работа во кариерата.