Есенскиот првак во ВМФЛ се засили со младински репрезентативец

by 24 фудбал
0 минути читање

ГФК Охрид продолжува активно да се засилува во обидот да обезбеди прволигашки статус, а најново име во ростерот на клубот е Давор Серафимов.

Дваесетгодишниот фудбалер пристигнува од редовите на Шкупи и ја покрива бековската линија, позиција на која Охрид сака дополнителна конкуренција и свежина. Во досегашната кариера, Серафимов има искуство и во дресот на Вардар, што му носи значајна минутажа и на домашната сцена.

Станува збор за младински репрезентативец на Македонија кој зад себе има околу 20 настапи за националните селекции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×