Есенскиот првак во ВМФЛ ремизира на тестот со кандидат за титулата во ПМФЛ

by 24 фудбал
0 минути читање

Пријателскиот натпревар меѓу Охрид и Струга Трим Лум заврши без победник, откако двата тима одиграа 1-1 во рамки на подготовките за продолжението на сезоната.

Второлигашкиот лидер Охрид остави одличен впечаток и успеа да му парира на тимот кој се бори за титулата во ПМФЛ.

Стружани први дојдоа до водство преку Марјан Радески, но охриѓани возвратија со погодок на Антонио Каланоски и го поставија конечниот резултат.

ГФК Охрид пролетниот дел од сезоната во Втората лига ќе го отвори на 21 февруари против Беласица, додека Струга Трим Лум во ПМФЛ ќе стартува со дерби натпревар против Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×