Фудбалерот од
средниот ред на руски Зенит од Санкт Петерзбург, Александер Ерохин во изјава во
пресрет на утрешниот меч против нашиот првак Вардар во првото коло од групата „Л“
од Лига Европа, смета дека македонскиот претставник е добро организирана екипа,
за тоа говори и фактот што тие гледале неколку натпревари анализирајќи го
нивниот противник.
„Гледавме
натпревари на Вардар, ја анализиравме нивната игра, ќе играме против добро
организиран противник кој постигна 4 погодоци против Фенербахче, сепак, ќе му
пристапиме сериозно на овој натпревар во обидот да дојдеме до позитивен
резултат“ најави Ерохин.
Мечот помеѓу
Вардар и Зенит на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје се игра утревечер
во терминод од 21,05.
Фото: Кочо Сотировски (24фудбал)