210
Тео Ернандез вели дека не сакал да си замине од Милан, но тоа го направил поради еден човек кој му се заканил дека ќе го исфрлат од составот.
Формата на Ернандез значително падна кога Милан реши да се ослободи од него, тој сега вели дека тоа било еден вид на закана.
„Никогаш не сакав да заминам од Милан. Бев отворен да останам, но кога еден човек од раководството ви се јавува и ви вели: Ако останеш, ќе те тргнеме од составот, тогаш може само да си побарате нов клуб“, вели Тео Ернандез за „Газета дело Спорт“.
Ернандез сега настапува за Ал Хилал.