259
Младата
репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година поведе и со 0-3 на
гостувањето во Ереван кај Ерменија во рамките на првото коло од
квалификациската група „7“ за пласман на ЕУРО 2019 Италија.
Македонија води и
со 0-3 против својот ривал, а стрелец, овој пат во 72. минута, повторно беше
Тихомир Костадинов кој ги постигна сите три погодоци за нашата селекција.
Новото водство стигна по нафрлената топка од Тотре, а
Костадинов одлично ја „закова“ топката во противничката мрежа.
(за да го проследите
погодокот, вратете на претходно наведената минута)