Ериксен за коронавирус кошмарот во Милано: Живеам во камп, тренирам во подземна гаража, едвај се разбрав со полицијата…

by
1 минути читање

Во последните
денови од зимскиот преоден рок, Кристијан Ериксен стави крај на престојот во Тотнем
и се пресели во Интер во трансфер вреден 20 милиони евра.

Но неговата
авантура во Милано не започна добро, имаше само епизодна улога на мечевите на
кои доби шанса а вистинскиот кошмар дојде со пандемијата на коронавирус.
Хотелот во кој тој престојуваше мораше да биде затворен, па Данецот остана на
улица и мораше да се пресели во тренинг кампот на „нероаѕурите“.

„Едно време
мислев да им се јавам на Ромелу Лукаку и Ешли Јанг, но тие имаат семејства за
кои треба да се грижат, и да спиете 14 дена на каучот на пријателот, тоа е
премногу. Затоа завршив во тренинг кампот, заедно со еден кувар и пет членови
од персоналот, кои решија да одат во карантин за да ги заштитат семејствата“

раскажува Кристијан Ериксен.

„Го следам тренинг
планот и диетата што ни ја испратија од клубот, но се снаоѓаш како умееше.
Трчам во подземна паркинг гаража, пресметав дека имам 35 метри во еден правец,
потоа се вртам и трчам 35 метри назад. Не сум допрел топка седум недели.
Никогаш претходно не сум бил толку долго без фудбал, навистина ми недостасува
фудбалот“.

Фудбалерот од средниот
ред за малку ќе бил и уапсен откако решил да оди до супермаркет.

„Полицијата ме
сопре и јас со мојот прилично лош италијански се обидував да им објаснам што
правам, каде одам и зошто сум излегол од дома“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×