Ериксен се врати во дресот на Данска и за две минути постигна прекрасен гол! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пред скоро девет месеци, Кристијан Ериксен добро ги исплаши сите, во дресот на Данска, колабираше на теренот на мечот против Финска на Европското првенство.

Спретната интервенција на докторите му го спасија животот, неколку дена подоцна му беше извршена и операција и му беше вграден дефибрилатор. 

Но љубовта кон фудбалот беше поголема па тој во јануари потпиша за Брентфорд и минатиот месец му се врати на фудбалот.

Вечерва повторно го облече дресот на Данска и постигна погодок по само две минути поминати на теренот. Фудбалерот од средниот ред доби шанса на стартот од второто полувреме на пријателскиот натпревар против Холанија и во 47. минута биеше неодбранливо за 3-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×