Ериксен пристигна во Милано, следат лекарски прегледи и потпис со Интер

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“
добиваат големо засилување, по тензични преговори кои траеа со недели,
Кристијан Ериксен го делат само формалности од „црно-синиот“ дрес. Данецот
утрово пристигна во Милано, следат лекарските прегледи и потпис со Интер.

Последните
информации велат дека Интер на Тотнем ќе му плати 20 милиони евра, плус ќе ги
покрие трошоците за солидарни исплати (5% од трансферот односно 1 милиони
евра), а ќе биде одигран и пријателски натпревар помеѓу двата клуба и целиот
приход од овој меч ќе заврши во касата на „спарси“.

Кристијан Ериксен
ќе се обврзе кон Интер до 2024 година и на Џузепе Меаца ќе има плата од 8 милиони евра
по сезона, плус уште два додатни милиони во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×