Реал Мадрид
планира да влезе во преговори со Тотнем околу потенцијалниот трансфер на
Кристијан Ериксен веднаш штом се отвори зимскиот преоден рок, а Данецот
повторно е на трансфер агендата на „Кралевите“, а шпанскиот гигант сега има
шанса која веројатно нема да ја пропушти.
Зинедин Зидан
инсистираше на Пол Погба од Манчестер јунајтед, меѓутоа тимот од „Олд Трафорд“
не сакаше ниту да дискутира за да се ослободи од услугите на Французинот,
ситуацијата со Тотнем е сосема поинаква.
Во меѓувреме,
Спарси имаа финални обиди за да договорат продолжување на соработката со
Данецот, бидејќи неговиот актуелен важечки договор истекува идното лето,
меѓутоа самиот Ериксен јасно ставил дознаење дека сака да си замине од клубот
идното лето, а тоа на раководството на клубот не му одговара, бидејќи во едно
такво сценарио, Спарси би останале со празни раце.
Како што пренесе
„Марка“, првиот човек на Тотнем, Даниел Леви, кој е познат по тоа што е тежок
во преговорите за трансфер на своите ѕвезди, веќе им наредил на своите
најблиски соработници во клубот да пронајдат решение за ситуацијата со Ериксен,
односно да побараат достојна понуда за да се продаде 27 годишниот фудбалер од
средниот ред.
„Марка“ додава
дека Реал Мадрид во однос на Ериксен ќе ја чека својата шанса се’ до 1. јануари, пред да почне преговори со
самиот фудбалер кој ќе има таква можност во зимскиот преоден рок, бидејќи во
шпанскиот гигант не сакаат да преминат одредени правила од аспект на правните
процедури, меѓутоа, од таму не ја отфрлаат можноста да испратат понуда до
Тотнем.