270
Ериксен играше во финале со Тотнем во Лигата на шампионите минатата сезона во Лига Купот на Англија во 2015, но не освои трофеј во овој клуб.
Последен пат се израдувал на титула кога играл за Ајакс, па смета дека со Интер има шанси повеќе да освои трофеј отколку ако останел во Северен Лондон.
„Имам поголема шанса да освојам трофеј тука отколку таму каде што бев досега“, вели Ериксен.
„Финалето од Лигата на шампионите беше многу лош ден, загубивме, и не сакате да памтите порази“.
„Тука сум за да победувам и да почнам нешто ново. Последниот пат кога освоив нешто беше со Ајакс пред многу години. Се уште го паметам чувството па сакам повторно да освојам нешто“.