1,1K
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен како што стојат работите во наредната сезона ќе го промени клубот.
Соработката на Ериксен со Манчестер јунајтед завршува на крајот на актуелната сезона.
„Мојот договор истекува ова лето и подготвен сум да побарам нешто ново“, изјави Ериксен на прашањето од новинарите на прес-конференцијата пред натпреварот помеѓу Данска и Португалија кој се игра в четврток.
Од клубот досега никој не го контактирал Данецот за продолжување на договорот.
„Поради тоа претпоставувам и дека соработката тука ќе заврши“, искрен беше Данецот.