Ерик Дајер се качи на трибините да се тепа со фанови на Тотнем, со реакција се јави и Мурињо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ерик Дајер се качи на трибините да се тепа со навивачи на Тотнем кои ја навредуваа неговата фамилија. 

Главната причина беше што таму бил неговиот помал брат кој реагирал на навредите. Дајер како постар тргнал во одбрана на својот брат.

Жозе Мурињо вели дека професионалец не смее да реагира така иако вели дека веројатно било кој од нив ќе го направел истото што и Дајер во тој момент.

Не можам да избегам од ова прашање, мислам дека Ерик Дајер направи нешто што ние професионалците не смееме, но во оваа ситуација тоа беше нешто што секој од нас би го направил“, вели Мурињо.

„Кога некој ќе ве навреди вас, а вашата фамилија е таму, и вашата фамилија е инволвирана и е во дуел со личноста која ве навредува, во овој случај неговиот помлад брат…“.

„Мислам дека Ерик направи нешто што ние професионалците не би требало да го направиме. Но ќе повторам, веројатно секој од нас ќе го направеше. Јас сум со играчот и ја разбирам неговата реакција“.

Мурињо беше запрашан и како тој ќе реагира ако клубот покрене дисциплинска постапка против Дајер: „Нема да се сложам со клубот ако го направат тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×