Андер Ерера ги опиша како ‘логични’, шпекулациите кои изминатиов период се појавуваат во однос на неговата иднина, ако се земе во предвид дека на лето тој ќе биде слободен играч на трансфер пазарот, доколку не потпише нов договор со Манчестер јунајтед.
Минатата седмица, одредени медиуми објавија дека ПСЖ веќе влегол сериозно во трката за потписот на Шпанецот понудувајќи му неделна плата од 150,000 фунти, а самиот фудбалер вели дека сето тоа е логично ако се земе во предвид неговиот статус на Олд Трафорд.
„Сево ова е логично кога имате уште три месеци од договорот, секогаш постојат повеќе опции во такви случаи“ рече Ерера.
„Јас знаев дека ќе нешто ќе излезе, сево ова го гледам мошне нормално, фокусиран сум на натпреварите максимално, останатото го оставам на мојот агент, нема да отфрлам ниту една од двете опции, да продолжам со Манчестер јунајтед, или да разговарам со друг клуб“ додаде 29 годишниот Шпанец посочувајќи дека ужива во ‘најголемиот клуб во Англија’, ја истакна и љубовта од фановите на тој клуб кон него.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.