Андер Ерера по
пет сезони си замина од редовите на Манчестер јунајтед, потпиша петгодишен
договор со ПСЖ, а во францускиот првак премина како слободен играч на трансфер
пазарот, тој ја откри главната причина за тоа зошто го напушти Премиерлигашот.
Запрашан зошто си
замина од „Олд Трафорд“, 29 годишниот Шпанец во изјавата за „Марка“ јасно
посочи дека има разлики кои постојат помеѓу него и клубот во проектот, како и
улогата која тој би ја имал во истиот проект, алудирајќи на плановите на
Солскјер.
„Не би сакал да
гледам во минатото премногу, но, постојат големи разлики во поглед на проектот
и моето значење во истиот“ посочи Ерера кој веројатно со оваа изјава нагласи
дека не му се допаднала улогата која би ја имал во тимот на Оле Гунар Солскјер.
„Бев среќен во
тој клуб, имам голема благодарност кон клубот и неговите навивачи, како и за
Солскјер, тој направи максимум за да останам, меѓутоа до тоа не дојде, тие
задоцнија, јас веќе ја донесов конечната одлука да играм во Париз“ рече
Шпанецот.