Шпанија вечерва
против Малта го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското
првенство. За овој меч, „Црвената фурија“ ќе биде без својот предводник, Луис
Енрике.
Фудбалската
федереција на Шпанија, без да открива детали, само кратко соопшти дека
стратегот нема да седи на клупата поради семејни причини.
„Ве информираме
за отсуството на нашиот тренер Луис Енрике на вечерашниот меч поради семејни
причини. Бараме дискреција и почит на неговата приватност“ – стои во
известувањето.
По ваквите вести
на социјалните мрежи се огласи капитенот Серхио Рамос, кој потоа го избриша
својот пост, па за кратко време се предомисли уште еднаш и го репостираше.
„Селекторе, жал ни
е што добивме вакви вести. Се надеваме дека сè ќе се заврши добро. Знај дека
тимот е со тебе до смрт и дека вечерва ќе го дадеме максимумот за да обезбедиме
три бода. Семејството е свето. Ќе победиме за тебе. Ти испраќам сила, поддршка
и прегратка“ – гласеше пораката на дефанзивецот на Твитер.
Во отсуство на
Луис Енрике, неговиот асистент Роберт Морено ќе ја предводи Шпанија против
Малта.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.