Селекторот на
Шпанија, Луис Енрике смета дека Алваро Мората е далеку подобар фудбалер сега,
во споредба со периодот кој го мина во дресот на Челси.
Напаѓачот се
приклучи на Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок откако падна договор за 18
месечна позајмица, а за мошне краток период тој импресионираше со своите
перформанси во тимот на Диего Симеоне.
„Да бидам искрен,
го гледам Мората како далеку подобар во споредба со претходниот период кога
доаѓаше во селекцијата како фудбалер на Челси“ рече Енрике.
„Сега тој има
многу поголема самодоверба од претходно, секогаш беше одличен фудбалер според
нас, но сега е многу повеќе одлучен во својата игра“ додаде Енрике.
„Како за пример
ќе го посочам следното, кога ја има топката во свој посед на крајот на мечот,
тој тоа го прави со голема самодоверба во себе“ посочи селекторот на Шпанија,
воедно упатувајќи пофалби на сметка на Мората за неговото издание против
Норвешка во победа од 2-1 на домашен терен во квалификациите за ЕП 2020.
„Имаше неколку
прилики да постигне гол, тој беше на местото каде што треба да биде, но
едноставно немаше среќа, како и да е, прикажа одлични перформанси, тоа беше
негов најдобар меч досега за селекцијата“ заклучи Енрике.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.