Ендрик: Роналдо е мојот идол!

by riste
1 минути читање

Големиот бразилски талент, Ендрик се препороди откако замина во Лион, сега го покажува сиот свој талент, постигнува голови, дели асистенции…

Нејасно е дали за него ќе има место во Реал Мадрид следната сезона, тој не знае дали ќе се врати, но одговараше и на едно поинакво прашање.

„Кристијано Роналдо е мојот број еден идол. Она што најмногу го почитувам кај него е што на 40 години тој продолжува да биде оној кој работи понапорно од сите други“, рече Ендрик.

„Тој е блиску до пензија, но уште е способен да игра и се надевам дека уште сезони ќе игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×