Енди Керол кој веќе и тешко може да го препознаете, потпиша за клуб од шестата лига во Англија! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул, Енди Керол веќе некое време игра поради забава и љубов, а не за пари, таква е и неговата нова авантура.

Фудбалерот кој настапуваше за Њукасл, Ливерпул, Вест Хем… Енди Керол потпиша за Дагенхем и Редбриџ, односно клубот кој е попознат по скратеницата Даг и Ред.

Овој клуб игра во Националната лига југ, кое е шесто по ранг натпреварување во Англија.

Даг и Ред добија и катарски сопственици па сигурно клубот ќе има амбиции да се качува нагоре низ англиските лиги.

Во минатата сезона Керол играше во четвртата француска лига за легендарниот клуб Бордо кој беше исфрлен таму поради банкрот. За францускиот тим тој играше речиси и беспари, повеќе имаше трошоци отколку примања. А сигурно нема да има и некоја заработка во Даг и Ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×