Со гол на Енцо Фернандез во 94. минута, Челси освои голем бод од гостувањето кај Манчестер Сити, натпреварот заврши 1-1.
Ова беше првиот натпревар на Челси без Мареска на клупата, испитот е положен, сините дојдоа до важен резултат на кој најмногу се израдува Арсенал кој сега дојде на плус шест бодови во однос на Манчестер Сити.
Резултатот беше отворен во 42. минута кога Рејндерс постигна убав гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.
Се чинеше дека така и ќе заврши овој меч, но тоа не го мислеше и Енцо Фернандез кој постигна гол во четвртата минута од судиското продолжение и го израмни резултатот на 1-1.
По 20 одиграни кола во Премиер лигата, Арсенал е прв со шест бодови повеќе од Манчестер Сити и Астон Вила.