Енцо Мареска се огласи првпат по заминувањето од Челси со емотивно писмо

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот тренер Енцо Мареска за првпат јавно се огласи по разделбата со Челси, откако лондонскиот клуб на 1 јануари му се заблагодари за соработката.

Мареска испрати емотивно писмо со наслов „Остави го светот барем малку подобар отколку што си го затекнал“, во кое истакна дека си заминува мирен, бидејќи Челси го остава таму каде што му е местото.

Моето патување во Челси започна со натпреварите во Лигата на конференции. Си заминувам мирен, затоа што престижен клуб како Челси го оставам таму каде што му е местото. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката што ми ја даваа во изминатите 18 месеци. Таа поддршка беше клучна за пласманот во Лигата на шампионите, освојувањето на Лигата на конференции и освојувањето на Светското клупско првенство. Победите засекогаш ќе ги носам во срцето“, изјави Мареска.

Посебна благодарност упати и до фудбалерите со кои работеше.

На сите со кои ги споделив овие моменти им посакувам успех во вториот дел од сезоната и во иднина. Благодарам Челзи, од мене и моето семејство“, порача Мареска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×