Енцо Мареска идентификуваше еден голем проблем во соблекувалната на Челси

by bojan
1 минути читање
Мареска

Тренерот на Челси, Енцо Мареска вели дека во тимот нема прав лидер и го прозва капитенот Рис Џејмс дека мора да се поправи по ова прашање.

„Сините“ потрошија над 1 милијарда фунти на засилувања во последните две години, но никако да се склопат коцките на „Стемфорд Бриџ“.

Енцо Мареска сега вели дека во тимот нема прав лидер и го прозва капитенот Рис Џејмс, кој мора да се поправи по ова прашање.

„Разговарав со Џејмс, му кажав дека очекувам многу повеќе од него кога е во прашање улогата на лидер. Според мене, кога сте капитен, морате да дадете повеќе и да бидете пример за другите“ – вели Енцо Мареска.

„Џејмс разбира дека очекуваме повеќе од него, тој е еден од момците од школата на Челси и мора да покаже карактер“.

Тренерот на Челси потоа додаде: „Кога немате прав лидер, мора да креирате. И според мене, во моментов немаме прав лидер“.

„Веројатно Тосин Адарабиојо е најблиску до тоа. Рис бележи прогрес но се уште не е таму, мора да се потруди повеќе. Леви Колвил покажува дека може да биде лидер исто како и Марк Кукуреља, па ќе треба да работиме со нив за да стигнеме до она што го посакуваме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани