Енцо Мареска беснеел и ги казнил ѕвездите на Челси откако доживеале срамен пораз против резервите

by bojan
1 минути читање
Челси

Тренерот на Челси, Енцо Мареска беснеел и ги казнил ѕвездите на Челси откако првиот тим загубил со 0-3 на тренинг натпревар против резервите.

„Сините“ на крајот од минатата година беа на чекор до лидерската позиција во Премиерлигата, но во следните месеци имаа голем пад на формата, па Челси сега се бори за топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.

Енцо Мареска е под голем притисок да донесе резултати откако беа направени огромни инвестиции, па тренерот беснеел оваа недела и ги казнил ѕвездите на Челси.

Како што пренесуваат медиумите, првиот тим на Челси загубил со 0-3 во тренинг натпревар против резервите (тим составен од играчи од У16 па до У21).

На Енцо Мареска не му се допаднало ова, па ги казнил првотимците и им наредил да се појават на тренинг, наместо да уживаат во слободен ден како што било претходно договорено.

Не е јасно кој се настапил за првиот тим, но Енцо Мареска за време на репрезентативната пауза на располагање имаше играчи како Џејдон Санчо, Кристофер Нкунку, Тосин Адарабиојо, Беноа Бадиашиле, Мало Густо, Ромео Лавија, како и Николас Џексон и Нони Мадуеке, кои се враќаат од повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани