Енцо Фернандез меѓу редови го најави следниот трансфер: Фудбалерите живеат каде сакаат, а јас сакам во Мадрид!

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез ги подгреа шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид откако изјави дека сака да живее во главниот град на Шпанија.

Изминатиов период често се пишува дека Енцо Фернандез не е задоволен од престојот во Челси и сака да ја промени средината, Аргентинецот се поврзуваше со трансфер во Реал, сон му било да заигра во белиот дрес на „кралевите“.

Самиот фудбалер сега ги подгреа ваквите шпекулации откако изјави дека сака да живее во главниот град на Шпанија.

„Би сакал да живеам во Шпанија, навистина ми се допаѓа Мадрид, ме потсетува на Буенос Аирес. Фудбалерите ја имаат таа привилегија да живеат таму каде што сакаат, и јас би живеел во Мадрид“ – вели Енцо Фернандез.

„Добро ми е во Англија, но ќе ми биде многу покомфорно во Шпанија“.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×