Енцо Фернандез ја оставил сопругата поради друга девојка: Кога ја започнуваше кариерата јас го издржував

by Стефан
1 минути читање

Eнцо Фернандез од редовите на Челси се раздели од сопругата Валентина Сервантес со која има две деца и со која долги години беше заедно.

Дека врската е прекината потврди Сервантес јавно во медиумите.

„Се беше во ред и одеднаш ми кажа дека повеќе не сака да биде со мене. Има работи кои допрва треба да ги разберам, но тоа е тоа, ја прифатив неговата одлука“, започна Сервантес.

На почетокот на врската таа заработувала повеќе и го издржувала денешниот фудбалер на „сините“.

„Кога се запознавме работев во ресторан и студирав право. Тој играше младиот тим на Ривер, потоа стана член на „Б“ тимот. Кога почнавме да живееме заедно ја променив работата и заработував повеќе од него. Јас му го плаќав менаџерот и ја птрошев цела своја плата на него, не можев ништо да заштедам и по девет месеци затруднев, имав 19 години“, раскажа Сервантес.

Во медиумите се шпекулира и дека Фернандез подолго време имал друга девојка

„Тоа што го прави откако се разделивме е негов живот и нема да се мешам. Ќе ја почитувам жената која ќе ја избере се додека е се во ред со моите деца нема проблеми“, истакна Сервантес.

Ќе потсетиме, Фернандез пристигна во Челси од Бенфика за сума од 121 милион евра и досега одигра 83 натпревари за „сините“ во кои постигна десет голови и подели 13 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани