51
Босна и Херцеговина направи огромен успех со пласманот на Светското првенство, а првиот човек во таа приказна е селекторот Сергеј Барбарез.
БиХ ќе игра на Мундијалот, а таму настапот го почнува на 12 јуни, првиот меч им е со домашната селекција на Канада.
Барбарез емотивно кажа дека со почетокот на тој меч ќе се оствари и неговиот животен сон.
„Го чекам само тој 12. 6. 21:00 по наше време, да засвири нашата химна и тоа ми е некој мој животен сон“, рече Барбарез и почна да плаче, по што доби аплауз од присутните новинари.