Емотивни сцени: Дарвин го тешеше синчето по тепачката на трибините со навивачите на Колумбија (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Дарвин

Крајот на натпреварот помеѓу Уругвај и Колумбија на Копа Америка донесе хаос, фудбалерите на Уругвај се качија на трибини и се тепаа со навивачите на Колумбија за да ги одбранат своите семејства.

Колумбија издржа едно полувреме со играч помалку и го совлада Уругвај со 0-1 за финале на Копа Америка.

Но по последниот свиреж на судијата настана хаос, фудбалерите и персоналот на Уругвај се качија на трибини и почнаа да се тепаат со навивачите на Колумбија за да ги одбранат своите семејства.

Се чини дека најжесток во реакцијата беше Дарвин Нуњез, кој потоа беше уловен како на теренот го теши своето мало синче.

Капитенот на Ургувај, Хосе Мариа Хименез на новинарите им објасни што се случувало: „Ова е катастрофа, немаше обезбедување, ниту полиција, па моравме да ги браниме семејствата. Ова се случи поради неколкумина навивачи кои испиле некоја пијачка повеќе“.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани