Бразил поведе уште во четвртата минута од натпреварот со гол на Мартинели. Во второто полувреме следуваше четириминутно шоу на Луис Дијаз за победа на Колумбија.
Фудбалерот на Ливерпул во 75. минута даде гол за израмнување, а четири минути подоцна погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1 над големиот Бразил.
Додека Дијаз ги даваше головите на теренот, неговиот татко кој до неодамна беше киднапиран, со големи емоции славеше на трибините.
Ова беше посебен меч за семејството Дијаз по сето она што го поминаа во изминатиот период.
Luis Díaz scored a brace in Colombia’s comeback win against Brazil.
His father who was recently rescued from kidnappers in Colombia was in attendance. This is how he reacted when his son hit the game winner in Barranquilla pic.twitter.com/mnqoGtqmhx
— Nico Cantor (@Nicocantor1) November 17, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.