Емоции и солзи на Луис Диаз на мисата во спомен на Диого Жота (ФОТO)

by bojan
1 минути читање
Луис Диаз од Ливерпул е планот Б на Барселона

Луис Диаз синоќа пристигна во родниот град на Диого Жота и присуствуваше на седумдневен помен на трагично загинатиот фудбалер на Ливерпул и неговиот брат Андре Силва.

Луис Диаз доби многу критики од јавноста откако не присуствуваше на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, Колумбиецот го навлече гневот бидејќи реши да се забавува со јутубери и инфлуенсери наместо да даде поддршка на семејството на неговиот соиграч.

Сепак тој синоќа пристигна во Гондомар, родниот град на Диого Жота, и присуствуваше на мисата по повод седум дена од смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот брат Андре Силва.

На седумдневниот помен присуствуваше и Алисон, голманот исто така не можеше да дојде на погребот што се одржа во саботата, па ја искористи оваа прилика лично да му оддаде почит на својот соиграч и неговото семејство.

ФОТО: X/Livrpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×