Емир Шабани замина од Тиквеш, дали општината си го враќа клубот!?

by riste
0 минути читање

Спортскиот директор, Емир Шабани го напушти фудбалскиот клуб Тиквеш, од Кавадарци замина и директорката за комуникации, Пелин Коч.

Двајцата заминуваат поради незадоволство од начинот на владеење на сопственикот Осман Таш, односно неисполнетите ветувања кои не беа мали кога го преземаше клубот.

Уште е нејасно дали градоначалникот Митко Јанчев ќе го врати клубот во сопственост на општината Кавадарци или Осман Таш ќе остане да го води тимот.

Фановите на Тиквеш се надеваа дека со новиот сопственик ќе дојдат подобри времиња за кавадаречкиот клуб, но изгледа ништо нема да се оствари од големите ветувања на Турчинот од Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×