Емилијано Мартинез со еден потег го понижи Бразил, дури и селекторот Скалони му нареди да престане (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Мартинез

Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез ги понижи Бразилците откако реши да „жонглира“ и да ги покаже своите фудбалски вештини, но со овој потег го налути селекторот Лионел Скалони, кој му нареди да престане.

Аргентина славеше против Бразил со 4-1 и ја забележа најголемата победа над лутиот ривал во последните 60 години.

На мечот имаше многу пречкање помеѓу фудбалерите, најразлични провокации и гестови, а се чини најбрутален беше потегот на голманот Емилијано Мартинез.

На десетина минути пред крајот, кога Аргентина водеше со 4-1, голманот реши да „жонглира“ и да ги покаже своите фудбалски вештини пред „кариоките“.

Неговиот потег предизвика овации на трибините, но не му се допадна на селекторот Лионел Скалони, кој му нареди да престане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани