ПСЖ ремизираше на гостувањето кај Олимпик Марсеј во
десеттото коло од француската Лига 1, а дербито го одбележа исклучувањето на
Нејмар.
Еден од стрелците на погодоците на гостинската екипа во
две минути заработи два жолти картони и со тоа предвреме беше испратен во
соблекувалната.
Шпанскиот стратег од клупата на тимот од Париз, Унаи
Емери смета дека на Бразилецот му е потребна адаптација, како во шампионатот на Франција, така и во тимот на ПСЖ, а не смее ниту да го занемари ни судењето во тоа првенство.
„Нејмар мора да се адаптира во Лига 1, во нашиот тим а
воедно и да се адаптира на овдешното судење…“ рече Шпанецот.
„Тој е интелегентен, знае дека тоа што се случи ќе му
служи како лекција за во иднина“ додаде Емери.
Нејмар на осум настапи за ПСЖ постигна седум погодоци,
Бразилецот е втор стрелец во тимот веднаш зад Единсон Кавани кој има девет гола
засега од исто толку и одиграни натпревари.