Емери ги збуни сите, бурно реагира и го турна својот фудбалер по замена во ЛЕ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, се најде во центарот на вниманието поради инцидент со сопствениот фудбалер Јури Тилеманс за време на натпреварот против Фенербахче во Лига Европа.

Камерите забележаа жестока интеракција по замената на белгискиот играч во самиот финиш од средбата која Астон Вила ја доби со 1:0 во Истанбул. Инцидентот се случи на почетокот на судиското продолжение, кога Тилеманс излезе од игра и се упати кон клупата.

Шпанскиот стратег почна да вика, да гестикулира со рацете и во еден момент го оттурна играчот кон клупата. И покрај агресивниот настап на тренерот, Тилеманс остана смирен и не возврати, со што беше избегната поголема ескалација. Засега не е познато што точно ја предизвикало лутината на Емери, а од клубот нема официјален коментар за ситуацијата која брзо се прошири на социјалните мрежи и во медиумите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×