Емери демантира дека го спречил Лев да разговара со Озил

by
1 минути читање

Според пишувањата
на Билд, германскиот селектор Јоаким Лев допатувал во Лондон за да се сретне со
Месут Озил, и да разговара со него откако овој реши да се повлече од дресот на
националниот тим, а како причина го наведе расизмот.

Шпекулациите велеа
дека шефот на стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери дал наредба Лев да не биде
пуштен на тренинг центарот на Арсенал, а Озил наводно целосно го игнорирал
неговото доаѓање.

Емери, ги
негираше сиве овие шпекулации, неговиот коментар беше краток, од друга страна пак, извори за „ESPN“ имаат друга страна од приказната.

„Не е точно тоа
дека не сум дозволил Месут да се сретне со Лев, немаме никакви проблеми во
нашата ситуација на тренинг центарот, тоа не е точно“
 рече Емери, а извори за „ESPN“ тврдат дека Лев всушност требало да има средба со Пјер Мертесакер во
Лондон, на тренинг центарот на Арсенал, на истата Озил не се појавил, а
присуство освен Мертесакер, имале и Бернд Лено и Шкодран Мустафи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×