2,4K
Швајцарија со победа го почна Светското првенство, тие славеа над Камерун со минимални 1-0.
Единствениот гол на мечот се случи во 48. минута кога по асистенција од Шакири, Емболо погоди за 1-0, резултат кој се покажа како конечен.
Интересно, Емболо е роден во Камерун, неговиот татко се уште живее во таа земја, но тој настапува за Швајцарија. По постигнатиот гол, напаѓачот не се радуваше поради почит кон африканската земја.