Елмас во топ форма, повторно стрела за Торино во калчото! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезенативец Ељиф Елмас постигна нов калчо-гол за екипата на Торино.

Во рамките на 31. коло на Серија А во дуелот со Верона нашиот репрезентативец даде гол за израмнување на 1-1 во 67. минута. Елмас доби одложена топка од Влашиќ, па откосо со одличен удар успеа да погоди од стативата.

Ова е четврти погодок на Ељиф Елмас на седмиот натпревар во дресот на „биковите“ од Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани