Елмас во тефтерот на скаутите на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Под водство на Филип Коку, Елиф Елмас има стартна позиција во тимот на Фенербахче, а тој тоа го користи максимално.

Турскиот тим со 1-0 загуби на гостувањето кај Бенфика, но Елмас одигра фантастичен меч, имал 76% точни додавања, делувал многу сигурно и искусно на теренот, а тоа не останало незабележано од скаутите на трибините на стадионот „Луж“.

Според турските медиуми, Елмас влегол во тефтерот на скаутите на неколку големи клубови како Манчестер јунајтед, Арсенал, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, Тотнем и Валенсија.

Нашиот фудбалер претходно се поврзуваше и со клубови како Манчестер Сити, Феенорд и ПСВ, но јасно е дека оваа сезона ќе остане во Фенербахче, а се очекува да биде еден од клучните во тимот.

Во договорот со Фенер, Елмас има откупна клаузула од 25 милиони евра, нема да биде изненадување ако турскиот клуб му даде нов, подобрен договор со поголема откупна клаузула во него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×