Карло Анчелоти
синоќа изјави дека посакува ангажман на модерен фудбалер од средниот ред кој
може да одигра на неколку позиции, и денеска голем број на медиуми од Италија
пишуваат дека Елиф Елмас треба да се пресели на Сан Паоло.
Се говори дека
преговорите се во завршна фаза, двата клуба постигнале дил за зделка вредна 15
милиони евра плус бонуси, а и Елиф Елмас има вербален договор со Наполи.
Последните
извештаи велат дека Македонецот веќе денеска или утре ќе отпатува за Италија на
лекарски прегледи и да стави потпис на документите.
„Трансферот на
Елиф Елмас е пред комплетирање. Внимавајте добро, ова момче е феномен, новиот
Фабијан Руиз…“ – напиша на Твитер новинарот Карло Алвино, кој е голем фан на
„наполитанците“.
„Преговорите
помеѓу Наполи и Елмас се во напредна фаза. Клубот има договор со играчот, кој е
желен да се пресели на Сан Поло. Фенербахче бараше 25 милиони евра, но зделката
ќе биде комплетирана за помалку. Се чека во преговорите да се вклучи Џинтоли
(спортскиот директор на Наполи), неговиот соработници водат разговори со луѓето
од Турција“ – напиша новинарот Џовани Ското.
„Наполи е
сериозен за Елиф Елмас, денеска се закажани неколку средби за фудбалерот од
средниот ред, кој Фенербахче го цени на 18 милиони евра. Целта на Џинтоли е да
се добие попуст. Преговорите со таткото на Елмас и посредникот беа позитивни“ –
напиша на социјалните мрежи новинарот Николо Скира.