Македонија ја совлада Летонија со 0-3 за прва победа на гости по повеќе од една година, Атанасов, Ќамили и Елмас се погрижија за славје на „црвено-жолтите“ во Рига.
Македонија стигна до нова победа во Лигата на нации, вечерва избраниците на Милевски ја совладаа Летонија и го задржаа првото место во Група 4.
Можевме да поведеме уште на стартот и тоа со гол за паметење, малку фалеше Димитриевски од својата половина да го матира својот колега, но Матревич со крајни сили ја сочува својата мрежа.
По неколку полу-шанси, „црвено-жолтите“ поведоа во 35. минута, по една убава акција во која учествуваа Барди и Елмас, Миовски спушти топка на пет метри а Атанасов реализираше за 0-1.
Летонија се зaкани во финишот на првото полувреме, но Димитриевски со две интервенции го спаси нашиот гол.
Домаќините притиснаа и на стартот од вториот дел, но откако Македонија одолеа на притисокот, Ќамили донесе 0-2 во 70. минута, долгата топка на Димитриевски на крајот се покажа како асистенција откако Ристовски не ја допре во воздушниот дуел.
GOAL | Latvia 0-2 North Macedonia | Lirim Qamilipic.twitter.com/EmdQAIbld7
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 10, 2024
Точка на натпреварот беше ставена во 92. минута, Барди повлече, топката случајно дојде до Елмас, кој испрати проектил во аголот за нова радост и конечни 0-3.
Eljif Elmas makes it three!pic.twitter.com/dwdUlTGnBi
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 10, 2024