Елмас стави потпис на договорт, газда Де Лаурентис му посака добредојде (ФОТО)

by
1 минути читање

Македонецот е
ново засилување за Карло Анчелоти откако Наполи и Фенербахче договорија
трансфер вреден 16 милиони евра, плус уште 3 додатни милиони евра во бонуси.

Елиф Елмас вчера
ги помина редовните лекарски прегледи и им се приклучи на новите соиграчи на
тренинг кампот во Димаро. Попладнево стави и потпис на договорот, за кој се верува дека е вреден 7,5 милиони евра за пет години

И како што е
редот, доби добредојде од првиот човек на клубот.

„Добредојде Елиф
во Наполи“
– гласеше постот на Твитер на Аурелио Де Лаурентис, кој на овој
начин ги пречекува и всушност ги потврдува новите играчи. Кратко потоа следеше и официјалното соопштение на Наполи, кое беше само формалност.

„Наполи може да соопшти дека го купи Елиф Елмас од Фенербахче“ – гласеше известувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×