Елмас со Наполи само до бод кај СПАЛ, дебакл за Несторовски и Удинезе кај Аталанта

by
1 минути читање

Елиф Елмас стартуваше од првата минута, а одигра
54 минути во ремито на Наполи на гостувањето кај СПАЛ од 1-1, гостите први
дојдоа до водство со голот на Милик уште во 9. минута, меѓутоа домаќините преку
Куртич во 16. минута израмнија на 1-1 и уште во таа фаза беше поставен
конечниот исход на оваа пресметка.

Со овој бод,
Наполи (17) заостанува шест бода зад лидерот Јувентус по девет одиграни
натпревари досега.

Илија Несторовски
не доби прилика за настап во мечот кој Удинезе го одигра на гостински терен кај
Аталанта, а прашање е колку Македонецот би променил нешто во играта на неговиот
тим кој денес беше очаен и забележа дебакл со 7-1, иако Удинезе прв дојде до
водство на таа пресметка.

Удинезе во
моментов е на 13. позиција на табелата во „Серија А“, останува дилемата дали ќе
падне нешто подолу поради фактот што конкурентите имаат меч помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×