Елмас со големи емоции погодокот го посвети за својот починат дедо (ФОТО)

by
1 минути читање

Наполи со 4-2 ја совлада Специја, а Елмас го постигна четвртиот гол за Наполитанците. По мечот преку социјалните мрежи напша емотивна порака за својот починат дедо на кој му го посвети голот.

„Кога се обидувам да ја издвојам личноста која ме инспирирала најмногу, се враќам на мојот дедо. Тажен сум дека веќе никогаш нема да те видам тука на земјата, сигурно ќе му недостасува твојата мудрост, охрабрување и инспирација. Ова ти го посветувам тебе мој дедо, верувам дека си горд на мене. Верувам дека сега си на подобро место. Почивај во мир дедо“, напиша Елмас на својот инстаграм профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×