Елмас со гол првенец му помогна на Наполи да ја победи Сампдорија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елмас за прв пат беше стартер во Серија А откако Гатузо стана тренер на Наполитанците. Нашиот фудбалер веднаш возврати со погодок.

Резултатот го отвори Милик уште во третата минута, а Елмас во 16. минута се најде на вистинското место и погоди за 2-0. Ова беше неговиот прв гол во Серија А.

Десет минути подоцна Кваљарела го намали водството на Наполи и ја врати Сампдорија во игра.

По консултација со ВАР, во 73. минута беше досуден пенал за Сампдорија кој прецизно го изведе Габиадини и изедначи на 2-2.

Во 79. минута Елмас беше изваден од игра, нашиот репрезентативец одигра добар меч и постигна гол кој ќе влијае на неговата самодоверба во следните натпревари.

Новото засилување Деме во 83. минута носи ново водство на Наполи, овој пат од 3-2, а во 98. минута по една грешка на домашниот голман Мертенс од огромна далечина реализираше за конечни 4-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×